Најголемата фабрика во Велес привремено затвора
Најголемата фабрика во Велес, Маркарт, привремено го прекинува производството откако вработен во фирма, ангажирана како подизведувач е еден од денешните шестемина позитивни на коронавирус во овој град, потврди раководството на странскиот инвеститор.
Од произведувачот на текстилна автомобилска галантерија велат дека уште пред два месеци, кога почнала кризата со коронавирусот, тие формирале Комитет за координација и управување со мерки и активности за превенција и ширење од болеста Ковид 19 и дека во фабриката е задолжително носење на заштити маски, дезинфекција на раце и пополнување на епидемиолошки анкети и нивно следење на дневно ниво.
„Направивме реорганизација на работното време со пократки смени, без затекнување на вработените меѓу две смени. Редовните состаноци преку ги организираме преку Skype платформата, Се врши редовна дезинфекција на сите простории во фабриката, тоалети, соблекувални, производствен погон, магацин, канцеларии, кантина, возила за превоз, а превозот на вработените е со 50% капацитет на возилата“, додаваат од Маркарт.
