Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголемата банка во Кина побогата од цела британска економија

Најголемата банка во Кина побогата од цела британска економија
И на последното рангирање на SNL FInancial, Кина останува светски лидер во банкарството. Податите покажуваат дека четири од 5-те најголеми банки на светот се кинески. Ова значи голем напредок за кинеското банкарство во споредба со изминатите години, кога само 2 кинески банки беа рангирани во топ 5. На прво место на овогодинешната ранг листа се најде Кинеската индустриска и комерцијална банка (Industrial & Commercial Bank of China), во Пекинг, која има вредност од 3,5 трилиони долари. Банката всушност има поголема вредност од онаа на целата британска економија. Единствено британската HSBC банка во Лондон, е сместена помеѓу кинеските банки во топ 5 и го држи 4-тото место. Најголема американска банка е JPMorgan Chase, која е рангирана на 6-то место со вредност од 2,6 трилиони долари.
Слично

Поврзани вести