Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најголем раст во градежништвото, БДП порасна за 3,5 проценти

Најголем раст во градежништвото, БДП порасна за 3,5 проценти

Стапката на раст на бруто домашниот производ во третиот квартал изнесуваше 3,5 одсто, објави Државниот завод за статистика.

Според соопштението, најголем раст е забележан во градежништвото кое во третиот квартал забележало раст од 29,4 одсто.

Раст во тој период имале и научните и техничките занимања, административните и помошните услуги, финансиските услуги и осигурување, трговија на големо и мало, транспорт и складирање.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните организации кои му служат на домаќинствата, во третиот квартал номинално пораснала за 3,4 одсто, додека во истиот период извозот на стоки и услуги, номинално е зголемен за 3,3 одсто, а увозот 2,9 одсто.

Слично

Поврзани вести