Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМ ПАД ЗА 16 МЕСЕЦИ: На Русите им требаат повеќе од 104 рубљи за да купат едно евро

НАЈГОЛЕМ ПАД ЗА 16 МЕСЕЦИ: На Русите им требаат повеќе од 104 рубљи за да купат едно евро

Вредноста на руската валута рубљата во однос на еврото и доларот паѓа. 

Oва е најголем пад за 16 месеци.  Курсот на еврото на аукциите на Московската берза е над 104 рубљи. Ова се случи за прв пат од 28 март 2022 година наваму. Курсот на доларот се искачи на 95 рубљи за прв пат од пролетта 2022 година. Курсот на руската рубља продолжува да паѓа неколку седмици. Поради инвазијата на Украина, Русија е под санкции. Откако почна војната, рубљата во повеќе наврати имаше драматични падови. Руските власти често велат дека санкциите не влијаеле на нив или не во таков обем како што Западот очекуваше. 

foto freepik.com/ededchechine

Слично

Поврзани вести