Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

НАЈГОЛЕМ ПАД ПО 1999: Европјаните помалку трошеле во април

Eвропјаните помалку трошеле во месец април годинава. 

На месечно ниво ова е најголем пад по 1999 година, а на годишно ниво најголемо опаѓање по 2013 година. 

Ова може да се види од статистичките податоци. Продажбата на мало во еврозоната се намалила за 11,7 проценти.

Се намали куповната моќ скоро на сите производи, а тука спаѓаат и храната и пијалоците. 

Продажбата опадна за 11,7 проценти во април во однос на претходниот месец и за 19,6 проценти на годишно ниво, соопшти денеска агенцијата за статистика на Европската унија – Евростат.

Ова е најголемата стапка на опаѓање на месечно ниво во серијата статистички податоци на Евростат кои датираат од 1999 година 

Во април во многу европски земји имаше ограничување на движењето. 

Најголем пад на малопродажбата во 2013 година беше забележан во Шпанија, за 6,9  отсто, потоа во Cловенија 3,6, во Романија 3,1 отсто. 

Слично

Поврзани вести