НАЈГОЛЕМ ПАД ОД ГОЛЕМАТА ДЕПРЕСИЈА: Светската економија годинава ќе се намали за 3,2 проценти
Светската економија годинава ќе се намали за 3,2 проценти, поради пандемијата на коронавирусот.
Ова е најголем пад од Големата депресија во 1930-тите. Со ваква прогноза излегоа Обединетите нации.
Се наведува дека кризата предизвикана од пандемијата ќе доведе до намалување на светското производство за речиси 8.500 милијарди долари во следните две години.
Ова ќе ги избрише скоро сите профити од претходните четири години.
На стартот на годината, ОН предвидоа скромен економски раст од 2,5 проценти.
Слично
