НАЈЕВТИНО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ЈАДРАНОТ: Ноќевање чини 9 евра, пиво 2 евра, а лежалка 5 евра
Летната сезона во Неум, единствениот крајбрежен град во Босна и Херцеговина(БиХ), го достигна својот врв - плажите се преполни, туристи пристигнуваат од целиот свет и, што е најважно - цените се значително пониски отколку во Хрватска и Црна Гора.
Снимките од воздух покажуваат преполни плажи, а многу луѓе се одлучуваат за водни спортови, кои станаа хит во ова мало јадранско гратче.
Според податоците од Туристичката заедница на Неум, се очекува рекордна сезона. Директорот Никола Пркачин откри дека во предсезоната е забележан пораст од 20 проценти на туристи во споредба со претходните години, пишува 24 Seven. Гостите доаѓаат од Франција, земјите од Бенелукс, Полска, Словенија, Јужна Кореја, но и од регионот.
Колку чини сместувањето?
– Апартмани: почнувајќи од 9–15 евра по лице
– Хотели со 3 ѕвездички: од 50 евра по ноќ
– Појадок во локални ресторани: 5 евра
Неум сè уште ја држи титулата најпристапна дестинација на Јадранот, а туризмот дополнително се зајакна по пандемијата кога оваа дестинација буквално „експлодираше“ во популарност.
Цени на храна и пијалоци
– Евтин оброк во ресторан (пица, ќебапи, локална кујна): 4,5 евра
– Оброк за двајца во средно голем ресторан: 25 евра
– Пиво во кафуле или на плажа: 2–2,5 евра
– Безалкохолни пијалоци (сокови, вода): 1–1,5 евра
Лежалки и уживање
Лежалка + чадор за сонце: од 4 до 10 евра, во зависност од локацијата и понудата (најповолна до локалните барови)
