Најекономскиот пратеник во цело собрание Изет Зеќири, си поднесе оставка!
Пратеникот на НДП, Изет Зекири си поднесе оставка во Собранието.
Зекири оставката ја поднел како морален и етички чин, бидејќи вели на локалните избори ја побарал поддршката од граѓаните како кандидат за градоначалник на Тетово и бидејќи не ја добил чувствувал морална одговорност.
Зекири изјави дека по поразот во Тетово смета дека нема легитимитет да продолжи да ги претставува граѓаните на Тетово во Собранието.
Пратеникот Зекири беше еден од најревносните пратеници кога станува збор за економијата.
Еве што за него напиша Фактор при објавувањето на Бизнис Фаците за 2012 година.
„Чекаше, чекаше и си ги дочека своите пет минути. Пратеникот Изет Зекири реши на елегантен начин, цели 4 часа да биде во центарот на вниманието во собраниската сала. Откако до министерствата и институциите испрати 50 пратенички прашања, на собраниска седница, министрите 240 минути му одговараа само нему. Другите опозиционери кои “жестоко“ се подготвуваа да “распалат“ против Владата, завршија со попуштени нерви.
Зекири соборуваше и амандмански рекорди во годината што измина . Откако владата го објави Буџетот за 2013 та, пратеникот стокми повеќе од 400 амандмани. Но, за разлика од првиот пат, овојпат – немаше кој да го слушне. Секогаш на “готовс“ да “распали“ за економијата, Зекири често го потсетуваше својот политички конкурент ДУИ за ветените, а неостварени проекти. “ Ако некој сака да прави сунет на децата во државните клиники, ќе треба да плати приватно, а ДУИ вети дека ова нема да биде така “ – рече Зекири.“
Слично
