Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдоброто во најголемите економии од еврозоната!

Најдоброто во најголемите економии од еврозоната!
Врската помеѓу двете најголеми економии во еврозоната се разнишуваше во последните месеци со оглед на различните економски и фискални пристапи. Но откако францускиот премиер ја осети Германија, експертите веќе се на мислење дека земјите можат да земат неколку економски поуки една од друга. Францускиот премиер Мануел Валцер, се соочи со тешки прашања за активностите на неговата влада во врска со спроведувањето на реформите и намалувањето на дефицитот - мерки кои Берлин ги критикува постојано и тоа жестоко. "Јас го разбирам сомнежот и прашањата на германскиот народ, неговите претставници, а понекогаш и на печатот - на сите кои велат: страдаат од реформи, а Французите не се во можност. Ако тие не го сторат тоа, тоа не е добро за Германија ", изјави Валцер на прес-конференција во Берлин. Во Франција, сепак некои се жалат дека Германија трупа парични приходи и не вложува напори за да помогне во обновата на растот во еврозоната. "Германија мора да ги исполни своите обврски", изјави Валцер во говорот претходно овој месец. Критичарите на германската економска политика исто така ги насочуваат нападите кон актуелниот извозно ориентиран растеж и неподготвеност да се обезбедат повисоки плати, кои треба да ја зајакнат побарувачката на потрошувачите. Погледнувајќи кон овие проблеми, властите во Берлин и Париз - главните градови на двете најголеми економии во еврозоната, можат да учат едни од други. Што Германија може да ја научи Франција? Фискалната дисциплина Години наназад Франција не успеа да го ограничи јавниот дефицит во рамките на обложениот плафон од Брисел од 3 отсто од БДП. И така ќе биде барем до 2017 година според последните сигнали од Париз. Тоа е една од најконтроверзните теми за Германија, која го балансира буџетот уште во 2012 година и инсистираше на спасувачките планови за најпроблематичните економии во регионот да се врзани со условот за построги цели за намалување на дефицитот. Ефикасноста Иако Франција се гордее со својот великодушен социјален систем, тоа може да се искористи од работната германска ефикасност. Нееднаквоста во приходите во двете земји е слична, иако Франција троши многу повеќе ", што укажува дека Париз има потреба од зголемување на ефикасноста", вели Гунтрам Волф, директор на Bruegel. Моќта на државата Според Тимо Клајн, виш економист во IHS Economics, концентрацијата на политичката власт во рацете на претседателот Франсоа Оланд може да биде "неоптимална". За споредба, федералната структура на Германија значи дека "блискоста на носителите на политички одлуки со економските прашања помага за подобри економски резултати". Клајн вели исто така дека Франција треба да се фокусира на правилата со кои се регулираат нејзините работнички права и берзите. Според него француската држава интервенира активно, спречувајки ја "слободата на донесувањето на економски одлуки од економските субјекти". Улогата на синдикатите Иако членството во синдикати во Франција е ниско во споредба со остатокот на Европа (само 8 отсто од работната сила), француските синдикати имаат огромни овластувања. Тие не само што се во можност да ги мобилизираат граѓаните многу брзо, исто така добиваат од владата привилегија за нивното мислење да тежи многу при определувањето на економските прашања во земјата. "Улогата на синдикатите во Германија беше некако намалена со реформите на канцеларот Герхард Шредер", изјави Волф. "Ова е слободен систем во кој работодавачите и синдикатите ги договараат широките правила во секторот", истакнува тој. Тимо Клајн додава дека разликата помеѓу квалитетот на образованието обезбедено од најпрестижните универзитети и оние на други места ", придонесува за лошите односи меѓу синдикатите и бизнисот, со оглед на недостатокот на взаемно почитување". Што Франција може да ја научи Германија? Инвестициите во инфраструктура Клајн вели дека Франција е во состојба да ги обедини најголемите инфраструктурни проекти побрзо отколку Германија. Тој посочи дека тоа се должи на централизираната државна власта и на помала опозиција од бранителите на животната средина ", што може да биде лоша работа на долг рок". Според висок економистот во IHS Economics Германија треба да ја зголеми својата инвестиција во инфраструктурата, особено во областа на транспортот и информатичката технологија. Ова би требало да доведе до "понатамошно подобрување на конкурентноста, без да мора да се влијае на извозот на никаков начин - токму спротивното". Волф се согласува дека Германија може да учи од францускиот пристап кон јавните инвестиции. Тој вели дека регулаторните прашања во секторот на услугите, на пример, ги попречуваат инвестициите, како и дека "скептицизмот и протекционизмот", исто така играат улога во забавувањето на нови сектори, како овој на информатичката технологија. Продуктивноста Иако спорната 35-часовна работна недела во Франција и постојаните повици за реформи на пазарот на трудот француската продуктивност по глава на жител е повисока од онаа во Германија. Според податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за 2013 година просечниот француски работник создал 51,8 евра за секој истрошен час, додека неговиот германски колега зарабптил 47,2 евра. На крајот на краиштата, "нам навистина ни е потребна понудата, Но во исто време е потребна и побарувачката, за да го најдеме нашето точно место", заклучува Волф. К.К.
Слично

Поврзани вести