Најдобрите дестинации во Грција за Први мај 2026, според грчки портали
Први мај е ден на трудот, кој во минатoто се поврзуваше со излети и скари, но денес многумина одлучуваат да заминат на кратко пролетно патување.
Во 2026 година, празникот паѓа во петок, што создава идеална можност за продолжен викенд и патување во соседна Грција.
Грција нуди безброј опции – од блиски плажи до планински предели и романтични градови. Во продолжение се дел од најдобрите дестинации, со практични информации за патување од Скопје, временски услови и можност за капење.
Доколку планирате да заминете на патување следниот викенд, во продолжение погледнете кои дестинации се издвојуваат меѓу најдобрите според грчките портали:
Волос – Volos
Ова место е одличен избор за оние кои сакаат комбинација од море и планина.
Се наоѓа на околу 420 километри од Скопје, односно околу шест часа возење.
Градот лежи на Пагасетскиот залив, под планината Пелион, и е познат по своите традиционални таверни и живото шеталиште.
Целиот текст на Женски магазин.