Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најдобриот светски пилот е Словенец

Најдобриот светски пилот е Словенец

Словенечкиот екстремен пилот Матевж Ленарчич победил во изборот на „Flightglobal Achievement Award“за најдобар светски пилот, а наградата ја примил вчера на најголемото воздухопловно шоу, Париз ершоу во Франција.

За наградата, меѓу другите, бил номиниран и Феликс Баумгартнер, кој минатата година во октомври скокна од работ на вселената.

Ленарчич бил номиниран поради своето извонредно достигнување, кога минатата година по втор пат ја облетал Земјата во ултра лесниот авион „Пипистрел“.

Во таа прилика Словенецот прелетал 80.000 километри, дури шест пати го прелетал екваторот и шеесет држави, како и 120 национални паркови на природата.

Покрај ова, Ленарчич прелетал три океани и петте највисоки планински врвови на светот, вклучувајќи го и Монт Еверест, а слетал и на Антарктикот.

Слично

Поврзани вести