Најдено е тело во Дунав и се проверува дали е тоа Матеј Периш
Тело во фаза на распаѓање е извлечено од реката Дунав, а српските власти проверуваат дали се работи за момчето од Хрватска, Матеј Периш кој исчезна на Нова година.
Телото е извадено кај Костолац. Извор од истрагата наведува дека во овој момент се претпоставува дека не се работи за исчезнатиот Периш, но дека оваа можност дефинитивно се проверува. Имено, клучниот детал што ја побива тезата дека се работи за Матеј е дека телото е пронајдено во напредна фаза на распаѓање, што значи дека е во вода најмалку шест месеци. Исто така, патиката пронајдена на телото не соодветствува со описот на оние патики кои Матеј ги носел ноќта на исчезнувањето, што го потврди и Ненад Периш. Дежурниот обвинител наредил обдукција на телото, за да се изврши идентификација и евентуално да се утврдат причините за смртта. Младиот Периш исчезна ноќта помеѓу 30 и 31 декември 2021 година.
