Најдено дете во торба во авион
Жена беше приведена вчера на парискиот аеродром „Шарл де Гол", откако пристигна со лет од Истанбул, затоа што во торбата успеала да скрие 4-годишно девојче од Хаити.
Националноста не се соопштува, а жената имала постојан престој во Франција. Таа имала започната постапка за посвојување на дете од Хаити. Во Истанбул била со него, каде пристигнала со друг лет. Поминала со детето на проверките таму, но потоа од непозната причина го скрила детето во тобра за да отпатува.
Торбата со детето ја ставила кај нозете, но во еден момент детето побарало да оди во тоалет. Останатите патници го забележале детето, а екипажот на авионот дал сигнал до аеродромските власти.
По кратко задржување на жената, француското правосудство реши да не презема законски дејства против неа.
Слично
