Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈДЕНИ ПУШКИ, СНАЈПЕР, ЕКСПЛОЗИВ: Жител на Бујановац имал кобен план

НАЈДЕНИ ПУШКИ, СНАЈПЕР, ЕКСПЛОЗИВ: Жител на Бујановац имал кобен план

Српската полиција синоќа уапси Албанец, жител на градот Бујановац кој поседувал оружје и истото планирал да го пренесе на Косово. 

Жителот на Бујановац имал десет пушки, еден снајпер со придушувач, килограм експлозив, како и поголема количина муниција. Оружјето се смета дека е набавено по нелегални патишта.

Српските медиуми пишуваат дека Приштина сакаат да ги вооружат албанските екстремистички групи во регионот, со цел ескалација состојбата и Србите да бидат загрозени. 

Србите дваесетина дена се на барикадите на Косово, откако косовската полиција упаси нивни сограѓани. Но, тие сега се пуштени. 

Косовските власти ја сменија одлуката за Дејан Пантиќ и наместо во затвор, поранешниот полицаец ќе биде во домашен притвор.

Никола Недељковиќ, еден од затворените е пуштен од затвор. Тој се сретна со семејството по шест месеци поминати во затвор. Вели дека косовските власти го затворила само затоа што е Србин.

Иако властите во Приштина, на чело со премиерот Албин Курти, во неколку наврати се заканија дека ќе ги уапсат Србите со отстранување на барикадите, досега ништо не се случи.

Слично

Поврзани вести