Најчевска:Ни ја заробија иднината, нашата, на нашите деца и внуци
На протестот пред Собранието, вечерва професорката Мирјана Најчевска се обрати пред присутните и кажа дека оваа власт ја зароби иднината на идните генерации.
Таа вели дека ниту со еден чекор не сме влезени во 21 век. За политичарите вели дека лажеле, краделе, се заканувале и за тоа треба да одговараат.
„Се работи за тоа дека сме заробени во овој кенеф за кој не убедуваат дека е палата од соништата. Ни ја уништија сегашноста и ни ја заробија иднината. И нашата и на нашите деца и на нашите внуци. Доста беше не одиме ни чекор наназад, не ви се плашиме“- рече таа.
Најчевска вели дека се гази врз човековото достоинство, а луѓето се принудени да молат за она што им припаѓа. Таа вели дека сме подолу од најдолните и дека мафијата мора да оди в затвор.
