Најбрза стапка на економски раст на САД од 2003 година досега!
Американската економија порасна во третото овогодишно тромесечие со најбрзо темпо во последните 11 години, што е досега најсилниот знак дека растот се забрзува.
Министерството за трговија денеска ја ревидентираше својата проценка на растот на бруто домашниот производ за третото тромесечие на 5 посто годишно, од 3,9 посто објавени минатиот месец, наведувајќи ја како причина поголемата лична потрошувачка и потрошувачка на компаниите отколку што претодно се проценуваше.
Економистите кои ги анкетирал Ројтерс очекувале за третото тромесечие ревизија на податоците на 4,3 посто.
Тоа е најбрзото темпо на економскиот раст на САД од третото тромесечие од 2003. Растот на БДП сега е ревидиран за вкупно 15,5 постотни поени во однос на првата проценка објавена во октомври.
Големите ревизии на податоците за БДП не се необични, знаејќи дека американската влада нема целосни информации при изработката на првите проценки.
За споредба, американската економија во вториот квартал порасна за 4,6 отсто. Вториот и третиот квартал се сега двете најсилни периоди на американската економија од 2003 година.
