Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈБОГАТИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО АМЕРИКА „ТЕЖАТ“ МИЛИЈАРДИ: Еве која династија е на прво место

НАЈБОГАТИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО АМЕРИКА „ТЕЖАТ“ МИЛИЈАРДИ: Еве која династија е на прво место

Десет најбогати американски семејства заедно имаат дури 530 милијарди долари. Ова станува јасно од американскиот Институт за политички студии.

-Богатството на секоја од тие династии доаѓа од компаниите кои ги основале претходните генерации, нивните родители или претци-стои во извештајот кој покажува како богатството преминувало од генерација на генрација без прекин.

Семејството Cathy, има богатство кое се проценува на 11 милијарди долари . Тоа семејство е сопственик на  Chick-fil-A американскиот ланец на ресторани за брза храна.

18,2 милијарди долари вреди богатството на семејството S.C. Johnson  кое го изградиле врз основа на производство и продажба на средства за чистење Pledge, Glade, Windex. 

Богатството на семејството Lauder се проценува на 22,4 милијарди долари.  Estée Lauder првата порачка на препарати за кожа вредна 800 долари ја добила во 1947 година. Денес компанијата има 30 мејк ап брендови , меѓу кои се  MAC и Clinique. 

Хотелиерските магнати Pritzker акумулирале богатство до 26,6 милијарди долари. A.N. Pritzker и неговите синови, Џеј , Доналд и Роберт, создале семејно богатство вложувајќи во синџир на хотелите Хајат и покренување на денес големите бизнис холдинзи како што е Мармон групата.

Cox Enterprises, компанијата која се занимава со телекомуникации, медиуми и автоиндустрија, минатата година во приходи оствариле 20 милијарди долари. Денес петорицата внуци основачи на James Cox делат богатство од 37 милијарди долари.

Johnson кланот е тежок на 38,7 милијарди долари. Богаташкиот успон го започнал Edward C. Johnson, основачот на вториот по ред најголем фонд на светот Fidelity.

Компанијата Cargill со традиција на агробизис од 1865 година, денес на семејството Cargill-MacMillan им овозможила богатство вредно 38, 8 милијарди долари.

Чоколадниот Клан Марс собрал преку 72 милијарди долари богатство преку чоколатките Mars, M&M i Milky Ways. Шест членови на семејството се наоѓаат на листата на Форбс 400 најбогати .

Нафташкото семејство Koch изгради богатство од 107 милијарди долари. Браќата Чарлс и Дејвид ја развиле рефинериската компанија на својот татко до конгломерат кој годишно остварува 100 милијарди приходи.

Семејството Валтон е најбогата династија во САД чие богатство се искачи до 169,7 милијарди долари. Сопственици се на најголемиот трговски ланец на светот Walmart, кои во 1962 година го основале Сам и Буд Валтон. Со продажба годишно остваруваат 500 милијарди долари, а иако богатството се дели на седум членови, Алис Волтон со речиси третина од уделот од 44,9 милијарди долари е најбогата жена во светот.

Слично

Поврзани вести