НАЈБОГАТИОТ ХРВАТСКИ БИЗНИСМЕН И ИНОВАТОР СЕ ПОФАЛИ: Мате Римац видно возбуден објави вест за опремата од Канада
Мате Римац на
својата Фејсбук страница објави видео во кое вели дека од Канада конечно во Хрватска
пристигнала опремата за производство на 50 илјади батерии годишно.
„Инсталација на нашата прва линија за производство на 50 илјади батерии годишно. Тоа е батерија што ја развивавме последните три години за една германска автомобилска компанија, произведовме стотици прототипови и сега станува сериозно: опремата пристигнала со Боинг 747 од Канада.
Ова е само
почеток, недостасува половина од она што ни треба, но едвај чекав да го
споделам ова. Ова е важна пресвртница за нас“, напиша Римац и им се заблагодари
на сите вклучени, особено на тимот задолжен за производство на батерии.
Римац во видеото вели дека за година, година и пол ќе открие за која германска автомобилска компанија се работи.
ФОТО: ФБ