Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот човек на светот не сака да плаќа кирија?

Најбогатиот човек на светот не сака да плаќа кирија?

Илон Маск, сопственикот на Твитер не сака да плаќа сметки. 

Маск ги игнорира киријата и патните трошоци за фирмата.  Стотици илјади долари во сметки за патни трошоци и за закуп на канцелариски простор не сакал да плати најбогатиот човек на светот, Илон Маск, газдата на Твитер, за неговата фирма, дознава Њујорк Тајмс. Весникот пишува дека ова е метод што Маск го усвоил за да ја порамни сумата од 44 милијарди долари за која ја купи оваа социјална мрежа.  Маск не одговарал на повиците на агенциите за патување кои барале да им ги плати фактурите. Откажани се и филантропските проекти на Твитер. Илјадници вработени ја напуштија компанијата незадоволни од условите на Маск. 

Загубите на Маск за 2022 година надминаа 100 милијарди долари, затоа што акциите на неговата компанија „Тесла“ паднаа на најниско ниво во последните две години.

Слично

Поврзани вести