Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот човек на светот Карлос Слим го купува холандскиот оператор КПН

Најбогатиот човек на светот Карлос Слим го купува холандскиот оператор КПН

Најбогатиот човек на светот, Карлос Слим, понуди 7,2 милијарди евра за 70 проценти од холандската телекомуникациска компанија КПН. Слим, инаку поседува 30 отсто од холандскиот телекомуникациски оператор, пренесува „Би-Би-Си“.

Понудата на компанијата „Америка Мовил“ на Слим доаѓа по минатомесечната понуда на компанијата „Телефоника“ кој сака да ја купи германската филијала на КПН, „Е-Плус“.

„Америка мовил“ нуди 2,40 евра по акција за холандската компанија, што е за 20 проценти повисока цена од сегашната, но далеку пониска од она што Слим плати лани, за почетен удел во компанијата кога плати осум евра по акција.

Портпаролот на КПН, која држи 40 отсто од холандскиот пазар, вели дека компанијата размислува за понудата на компанијата на Слим.

Купување на акциите на КПН е првиот влез на мексиканскиот оператор на европскиот пазар, по што „Америка Мовил“ во септември лани купи и 24 отсто од акциите во „Телеком Австрија“.

Карлос Слим последните четири години е на врвот на листата на Форбс на најбогати луѓе во светот, а неговото богатство се проценува на 73 милијарди долари. „Америка Мовил“ е неговата највредна компанија.

Инаку Слим работи во областа на индустријата, рударството, финансиите, трговијата на мало и на недвижен имот.

Слично

Поврзани вести