Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Босанец го запре производството на Голф

Најбогатиот Босанец го запре производството на Голф

Две добавувачки фирми од составот на „Превент груп“ престанаа да доставуваат делови за големата германска компанија.

Автомобилскиот концерн Volkswagen (VW) поради спор со две добавувачки фирми е присилен да го запре производството на најпопуларниот модел на Голф и можеби ќе испрати 20 000 работници во Емден, Волфсбург, Касел на присилен годишен одмор, а воедно ја разгледува можноста до неиспорачаните делови да дојдат со заплена, пишуваат германски медиуми. Кон крајот на претходната недела 8000 работници на комапнијата Пасат во Емден се испратени на присилен одмор бидејќи ги немаат веќе потребните делови на залиха.

Имено, добавувачите на кожни и навлаки од ткаенина за седиштата и куќишта за менувачот Car Trim и ES Guss ги запреа испораките на Volkswagen. Неделникот Шпигел во интернет изданието пишува дека се работи за двајца добавувачи од составот на  „Превент груп“, чиј сопственик е познатиот Босански претприемач Низај Хастор.

До деловите преку заплена?

Судот на Car Trimu и ES Guss им наложи на Volkswagen и понатаму да му испорачуваат навлаки за седишта и куќишта за менувачи, што ES Guss би требало да го прави тоа до февруари 2018 година. Германскиот добавувач се жалел на таа одлука, а судот би требало да ја донесе одлуката за жалба до крајот на август.

Во меѓувреме , во Volkswagen разгледуваат и додатни правни мерки, вклучувајќи ја и можноста до тие делови да се дојде преку заплена.

„Моментално ги испитуваме сите правни средства како би го завршиле прекинот на достава на делови“, рекол портпаролот на Volkswagen. Според интерниот меморандум, Volkswagen веќе ги извести партнерите дека од 20 до 29 август ќе мора да ја запре монтажата на Голфови во Волсбург, наведува WirtschafteWoche.

Притисок поради трошоците

Двете фирми ќерки на „Превент груп“ Car Trim и ES Automobilguss соопштија дека не се виновни за судирот со Volskwagen, и дека се заинтересирани за договор.

„Ние и понатаму целиме на пријателско решение со Volskwagen и сме отворени за предлози“, се наведува во соопштението на „Превент груп“ .

Добавувачите на „Превент груп“  наведуваат дека се присилени да ја запрат испораката на делови поради тоа што VW одбива да расправа за надокнада за отпуштање поради прекинот на новиот договор. Откажаниот договор вклучува работа вредна 500 милиони евра со Car Trim, чија реализација требало да почне следната година, наведува лице запознаено со бизнис добавувачите.

Volkswagen во меѓувреме побарал од судот во Брауншвеиг да ги казни добавувачите и да му овозможи на произведувачот на автомобили да ги заплени автоделовите во фирмите.  Судот има рок до следната недела да одговори на тоа барање на VW.

VW е под притисок да ги намали трошоците, бидејќи се бори со тужби и регулаторни истраги после откривањата со скандалот во септември минатата година според кој 11 милиони возила се опремени со софтвер кој е дизајниран така што мами на тестовите за емисија на гасови. Според проценките Volkswagen поради тоа изгуби 26 милијарди евра пазарна вредност.

Германската автомобилска компанија веќе издвои 18 милијарди евра за покривање на трошоци ширум светот во врска со својот наместен софтвер.

Слично

Поврзани вести