Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатата златна жила на светот пронајдена кај Бор

Најбогатата златна жила на светот пронајдена кај Бор

Американската рударска корпорација  Freeport-McMoRan и нивните партнери од канадската компанијата „Reservoir Minerals “ го пронашле во околината на Бор едно од најголемите лежишта на злато и бакар во светот, пишува Вечерњи новости.

Според информациите на тој весник, Американците во зоната Чукару пеки, на длабочина помеѓу 559 и 559 метри, напипале џекпот. Откриена е речиси неверојатна содржина од 25,7 посто бакар и 50,3 грама злато по тон руда. Според досега истражените наоѓалишта најбогата содржина е пронајдена во рудникот Холиестер во Америка, каде се извлекуваат 27,2 грама злато по тон руда.

Истражувањата уште траат

За вредноста на ова откритие најдобро говори податокот дека „Freeport“ и Канаѓаните досега во околината на Бор откриле 65 милиони тони руда со просечен удел од 2,6 посто и 1,5 грама злато по тон. Истражувањата покажуваат и дека во една бушотина, на длабочина од 179 метри е пронајден слој од 84 метри во кој содржината на бакар е 10,75 посто и злато од 10,86 грама по тон. Во вториот слој на рудата, со дебелина од 46 метри, е пронајден уште побогат депозит од 15,85 посто и 16,77 грама по тон злато. Некои неофицијални информации укажуваат на тоа дека резервите на бакар во околината на Бор се проценуваат на милијарда тони руда, со пропратни количини злато и други драгоцени метали. Сепак, тоа уште мора да го потврдат истражувањата.

Американците и Канаѓаните кај Бор избушиле повеќе од 42 км бушотини, а во некои делот на бакар во рудникот бил поголем од 10 посто, па уште пред две години се говореше за најбогатото лежиште на тој метал на светот. Дејан Кожељ, директор и главен геолог на Freeport во Србија, претходно рекол како таа компанија лани во геолошките истражувања во околината на Бор вложила околу 15 милиони долари, додека оваа се осигурани 20 милиони.

„Потребен е голем број позитивни резултати од истражното бушење пред донесувањето на конечната одлука за почетокот на експлоатацијата. Неопходно се доволно податоци, како би се дефинирале величината и квалитетот на лежиштето, после што мораме да го подготвиме главниот рударски проект на откопување, поради добивање на експлотациско право“, тврди Кожељ.

Столетна традиција

Тогаш на ред доаѓа студија на изведување, која би ја докажала економската оправданост на проектот, и анализа на влијаењето на рудникот на околината. Следи поднесување на барање и добивање одобрение за изедување рударски работи. Краен чекор е добивање корпоративни одобренија за почеток на вложувањето. А за какво богатство се работи, најдобро сведочи податокот дека во текот на 110 години рударење во Бор се добиени пет милиони тони бакар и близу 160 тони злато.

Слично

Поврзани вести