ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатата земја во Европа бара работници: Нуди плати над 6.000 евра

Најбогатата земја во Европа бара работници: Нуди плати над 6.000 евра

Најбогатата земја во Европа моментално бара работници. Платите се импресивни, повеќе од 6.000 евра месечно, а пријателската политика кон странците го олеснува преселувањето. Земјата нуди стабилност, модерна работна средина и висок квалитет на живот. Достапни се многу понуди дури и без познавање на сите три официјални јазици. Важно е да се напомене дека на граѓаните на Eвропската Унија(ЕУ) не им е потребна виза за работна дозвола.

Земјата со највисок БДП по глава на жител во Европа бара работници, нудејќи просечна плата од 6.118 евра месечно и многу ниска стапка на невработеност - само 5,7%. На порталот EURES моментално се достапни повеќе од 2.700 огласи за работа, од кои многу не бараат високо образование. Преселбата исто така не е комплицирана - граѓаните на земјите од ЕУ не треба да добијат виза, а единствената обврска е да го регистрираат својот престој по три месеци, пренесува српски Блиц.

Доколку барате стабилна и добро платена работа со висок квалитет на живот, размислете за преселба во Луксембург. Ова мало, но богато европско кралство, кое се граничи со Франција, Белгија и Германија, е едно од најдобрите места за живеење и работа во Европа. Просечната годишна плата во Луксембург е 73.418 евра, што е околу 6.118 евра месечно. Минималната плата е 2.570,93 евра за неквалификувани работници и 3.085,11 евра за квалификувани работници.

Foto: Shutterstock / RAS Srbija

ad
Слично

Поврзани вести