Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈБЕСКОРИСНИ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ: На кое место е Македонскиот?

НАЈБЕСКОРИСНИ ПАСОШИ ВО СВЕТОТ: На кое место е Македонскиот?

Благодарение на визната либерализација од  2009 година Македонија се крева во рангирањето во однос на пасошот, покажува листата за 2016 година на Visa Restrictions Index.

За оваа година нашата земја е рангирана на 45-место .

Соседна Бугарија пак благодарение на членството во ЕУ и други глобални фактори од 2007 година се крева во рангирањето за однос на вредноста на пасошот.

Таа е рангирана на 21-место заедно со Романија и Бразил. Носителите на бугарски пасоши можат да патуваат без виза или да ја добијат при пристигнувањето во 153 земји во светот.

Србија се најде на 43 место на листата.

Кои сепак се земјите чии поседување на пасоши е најмалку вредно може да се види подолу на листата. Ако поседувате таков пасош ќе ви е многу тешко да патувате без виза во поголемиот дел од земјината топка.

1. Авганистан, 104 место - влез во 25 држави без виза.

2. Пакистан, 103 место - влез во 29 држави без виза.

3. Ирак, 102 место - влез во 31 држави без виза.

4. Сомалија, 101 место - влез во 31 држави без виза.

5. Сирија, 100 место - влез во 32 земји без виза.

6. Либија, 99 место - влез во 36 земји без виза.

7. Еритреја, 98 место - влез во 37 земји без виза.

7. Етиопија, 98 место - влез во 37 земји без виза.

7. Иран, 98 место - влез во 37 земји без виза.

7. Непал, 98 место - влез во 37 земји без виза.

7. Палестина, 98 место - влез во 37 земји без виза.

7 / (12). Судан, 98 место - влез во 37 земји без виза.

Visa Restrictions Index собира податоци од 218 земји, распоредени во 104 места (поради поставувањето на неколку земји на иста позиција).

Слично

Поврзани вести