Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбараниот мексикански нарко бос е уапсен

Најбараниот мексикански нарко бос е уапсен

Без ниту еден истрелан куршум, најбараниот нарко бос во Мексико Серванд Гомез, истовремено познат како „Ла Тута“ е уапсен во својот дом во Морелија, Мичоачан, по повеќемесечна разузнувачка акција на полицијата.

Серванд Гомез подолго време бил мета на Претседателот на Мексико Пена Нието, бидејќи апсењето на Гомез значело враќање на западната сојузна држава Мичочан, каде што досега владеела улична војна меѓу картелот на нарко босот „Витезови Темплари“ наспроти полицијата, која се обидувала да го промени тоа.

Гомез бил уапсен една недела по апсењето на негови соработници, по што медиумите и тогаш известиле дека тие акции се само вовед за апсењето на „Ла Тута“.

Љ.Н.

Слично

Поврзани вести