Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈБАРАНА ПРОФЕСИЈА: Во оваа област има еден милион слободни работни места

НАЈБАРАНА ПРОФЕСИЈА: Во оваа област има еден милион слободни работни места

Вредноста на индустријата во сајбер-безбедноста постојано е во пораст. Се очекува таа да порасне од 75 милијарди долари во 2015 до 170 милијарди долари во 2020 година.

Тоа е област во која професионалците во сајбер-безбедност се „борат“ против сајбер-криминалците, односно хакерите.

Моментално за оваа работа во светото има голем дефицит на работна сила.

Само во САД има над 209.000 отворени работни места, а биле објавени 74% повеќе огласи за вработување во последните 5 години, според Бирото за вработување на САД.

Извештајот на „Циско“ пак,  ја наведува бројката од 1 милион слободни работни места во сајбер-безбедноста во светот. Побарувачката за работна сила во областа се очекува да порасне на 6 милиони до 2019 во целиот свет.

Платата за оваа работа изнесува просечно 65.000 долари годишно.

Слично

Поврзани вести