Најави за зајакнување на македонската економија годинава
Зајакнување на економијата во втората половина од годинава и продолжување на поддршката за бизнис секторот со ниски камати за нови кредитни линии, најави денеска премиерот Никола Груевски.
Според него, подобрувањето на состојбите во еврозоната многукратно ќе се одрази врз Македонија бидејќи нашата економија, рече Груевски, е тесно поврзана со европската.
Тој посочи дека стабилизирањето на економијата во Унијата и забрзувањето на економски раст е важен момент за земјава.
„Постојано сме во тренд со најновите збиднувања и веднаш преземаме мерки за се што е потребно. Од тој аспект го правиме максимумот и така ќе продолжиме, со нови идеи, со нови мерки. Се надевам дека и во ЕУ, во втората половина од годинава, работите ќе тргнат на подобро и сигурно тоа ќе се одрази и кај нас“, истакна денеска Премиерот.
Слично
