Најави за повеќе странски инвестиции, три компании само што не дошле
Една голема европска компанија од областа на телекомуникациите, како и две компании од медицинската индустрија ќе инвестираат во Македонија, најави премиерот Никола Груевски. Компанијата која сака да инвестира во дејност поврзана со телекомуникациите ќе вработи неколку стотици лица за почеток и над илјада за три години, вели Груевски кој вообичаено, не откри за која компанија станува збор.
Повтори и дека турска компанија од медицинската индустрија ќе инвестира во Македонија.
„На денешната владина седница треба да помине договорот за закуп на земјиштето, а тие веќе на терен вршат геомеханички истражувања на земјиштето. Прашање на време е кога ќе започнат со нивната реализација. Станува збор за почетни 250 вработувања, а подоцна можеби ќе има и повеќе“, рече Груевски, кој додаде дека наскоро треба да се заокружи и договорот за државна помош и за закуп на земјиштето и со втората компанија од медицинската индустрија која сака да инвестира во Македонија.
Има и други најави за странски инвестиции, додаде премиерот, кој појасни дека договорите со трите компании се во финална фаза.
Слично
