Најавени специјални попусти на саемот за „Купи куќа купи стан“
Од денес до 1 ноември во Скопје Сити мол ќе има саем со штандови на кои граѓаните ќе може да се информираат за поволностите кои ги нуди проектот кој го реализира владата „Купи куќа купи стан“.
Дел од семот ќе бидат над 20 градежни компании и банки а се најавуваат специјални кредитни попусти.
Од почетокот на проектот па досега над 640 семејства ги искористиле поволностите кои ги нуди овој владин проект.
Задоволни од интересот на граѓаните се и банките. Како што информираат граѓаните повеќе се заинтересирани за купување станови, и тоа претежно млади брачни парови.
Најголема понуда до сега има во Скопје, каде и интересот е најголем.
Слично
