Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најавени протести против Законот за помилување

Најавени протести против Законот за помилување

Граѓанската иницијатива „АЈДЕ" денеска во 17: 30 ќе излезе на протест пред Уставниот суд, за да го покаже револтот против промената на Законот за помилување, со која му се дава право на претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

„Уставниот суд денеска застана во одбрана на криминалците од власта кои местеле избори. Во рекордно брзо време ја разгледа и ја прифати иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за помилување, поточно за забраната Претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа дека за нив правниот систем е само алатка која им служи за заштита од правдата, а не за нејзино спроведување. " - пишува на нивната Фејсбук страница.

Инаку, Уставниот суд денеска со 5 гласа „за“ и 4 „против“ ја прифати иницијативата, претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Ова следува откако Специјалното обвинителство го отвори случајот „Титаник“ во кој за изборни нерегуларности и злосторничко здружување главни осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески.

До сега, законот предвидуваше претседателот да не може да амнестира лица кои се осудени за кривични дела против изборите.

Слично

Поврзани вести