Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најавена жалба за ослободувањето на Шешељ во Хаг

Најавена жалба за ослободувањето на Шешељ во Хаг

Серж Брамерц, главниот обвинител на Хашкиот трибунал,  денеска изјави дека Обвинителството одлучило да се жали на пресудата за лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ.

Во соопштението на главниот обвинител се наведува дека одлуката за жалба е донесена откако биле анализирани причините за ослободителната пресуда која во пишана форма ја достави судскиот совет. Брамерц ветува дека ќе вложи максимални напори жалбата да биде водена ефикасно и праведно.

Хашкиот трибунал на 31 март го ослободи лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ по сите девет точки од обвинението, кои го товареа дека со говор на омраза ги поттикнувал и поддржувал воените злосторства во Хрватска и БИХ, во текот на воените судири и протерувањето на Хрватите од Војводина.

Сите судии, со исклучок еден, заклучија дека Шешељ не е виновен по ниту една од деветте точки. Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Слично

Поврзани вести