Најавена нова „порција бомби“ за денеска
Опозициската СДСМ денеска ќе продолжи со објавувањето на аудио снимки од прислушувани телефонски разговори за изборни манипулации кои се направени во последниот изборен циклус.
Имено денешната прес конференција ќе се одржи во хотелот „Бест Вестерн“ на улица Македонија, а материјалите ќе се однесуваат на локалните избори во општина Центар во 2013-та.
Официјалниот термин уште не е потвреден но се очекува да биде како и досега , околу 14 до 14.30 часот, а на прес конференцијата збор ќе имаат лидерот на СДСМ, Зоран Заев и градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.
Во досегашните објавени аудио разговори можеше да се слушаше како изборите во Центар се одвивале под закани, притисоци и уцени, па дури и со обезбедување гласачи од Пустец, но и незаконско издавање лични карти.
Следете не ќе имаме пренос ...
Слично
