Најавата на Бајден ја поевтини нафтата
Поевтинија цените на нафтата на светските берзи. Идните испораки на марката Брент сега се тргуваат за 108.89 долари за барел, 4 отсто помалку.
Претседателот на САД, Џо Бајден ќе објави денеска за испуштање на еден милион барели нафта дневно, или вкупно 180 милиони барели, од стратешките резерви на САД за да се спречи понатамошно зголемување на цените. Oткако Русија ја почна инвазијата на Украина, во САД скокнаа цените на горивата.
Русија е втор по големина извозник на нафта во светот, и досега невидените казнени мерки и меѓународни санкции по нападот на Украина го пореметија снабдувањето со нафта од земјата.
Слично
