НАЈАВА: Американска компанија ќе донесе 400 нови вработувања во Бунарџик
Нова странска инвестиција најави премиерот Никола Груевски денеска во неговото обраќање на 15-годишнината на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Груевски, станува збор за компанија која произведува воздушни перничиња за автомобили, која во скопската економска зона ќе вложи 18 милиони евра.
Во фабриката ќе бидат вработени 400 лица, а договорот за инвестирање треба да биде потпишан веќе на 19-ти декември.
„Се надевам дека до Нова година ќе бидам во можност да објавам уште најмалку една голема инвестиција во еден од поголемите градови во внатрешноста, каде досега не е изградена нова фабрика. Деновиве многу се работеше на тоа и е во завршна фаза на реализација“, рече Груевски.
Американската компанија е една од шесте кои во последниот период формално донеле одлука да инвестираат во Македонија.
Слично
