Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈАГРЕСИВНИОТ ПОТЕГ ДОСЕГА: САД ја отсекува руската Централна банка од трансакциите во долари

НАЈАГРЕСИВНИОТ ПОТЕГ ДОСЕГА: САД ја отсекува руската Централна банка од трансакциите во долари

САД денеска најавија итна акција со која треба да ги забранат трансакциите во американски долари со руската централна банка и целосно да го блокираат рускиот фонд за директни инвестиции, изјавија високи претставници на администрацијата, за CNN. Ова се толкува како еден од најагресивните потези што цели кон тоа да ги намалува можностите на Русија во ублажување на ефектот на воведените санкции.

Чекорите имаат за цел да ја спречат Русија да пристапи до таканаречениот „rainy day fund“ на кој, се тврдеше дека Москва очекувала да се потпре за време на инвазијата на Украина. Наместо да ги користи резервите за да ја заштити рубљата што паѓа, Русија повеќе нема да може да пристапи до средствата што ги чува во американски долари.

Сеопфатните нови санкции -- преземени од Германија, Франција, Обединетото Кралство, Италија, Канада, Европската унија и други - доаѓаат кога руската економија веќе е во слободен пад.

„Воениот ковчег на Путин од 630 милијарди долари резерви има важност само ако можете да го искористите за да ја одбраните валутата, конкретно со продажба на тие резерви во замена за купување на рубљата. По денешните дејствија ова повеќе нема да биде возможно и тврдината Русија ќе биде разоткриена како мит, тврди извор од Белата куќа за CNN.

Во телефонски разговор со новинарите во понеделникот наутро, висок функционер на администрацијата на Бајден рече дека потегот е „кулминација на повеќемесечно планирање и подготовка на нашите соодветни влади преку технички, дипломатски и политички канали, вклучително и на највисоко ниво“.

„Бевме подготвени и тоа ни овозможи да дејствуваме во рок од неколку дена, а не недели или месеци, по ескалацијата на Путин“, рече претставникот.

„Нашата стратегија, едноставно кажано, е да се погрижиме руската економија да оди наназад се додека претседателот Путин одлучи да продолжи со својата инвазија на Украина“, рече вториот висок функционер на администрацијата.

Во обид да се ублажи влијанието на санкциите врз американските и европските потрошувачи на енергија, Министерството за финансии ќе ги изземе повеќето трансакции поврзани со енергијата од санкциите, што е значително намалување на санкциите.

Фото EPA/SERGEI ILNITSKY

Слично

Поврзани вести