Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најбогатиот Албанец потрошил 10 милиони долари во лобирање за Косово

Најбогатиот Албанец потрошил 10 милиони долари во лобирање за Косово
Потпретседателот на косовската Влада, Беџет Пацоли, кој важи за  еден од најбогатите Албанци во светот изјави дека минатата година од сопствен џеб потрошил 10 милиони евра за лобирање за нови признавања на државата. Во својата изјава за радио телевизија Косово, тој вели дека 2012 година била успешна кога станува збор за лобирањето и потенцира дека само во африканските земји бил 16 пати со што успеал да придонесе дел од нив да ја признаат државноста на Косово.

Дел од членовите на косовската Влада искажале задоволство од лобирачката мисија и признавањето, иако не е постигнат бројот од 100 држави кои го признале Косово, како што најави премиерот Хашим Тачи.

По прогласувањето на независноста, во февруари 2008 година, Косово го имаат признато 97 држави, а последното признавање стигна од Пакистан.
Слично

Поврзани вести