Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАГРАДИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПОСТОЈАН РАСТ НА ПЛАТИТЕ - еве зошто „Алкалоид“ најпосакуваниот работодавач

НАГРАДИ ЗА ЛОЈАЛНОСТ, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ, ПОСТОЈАН РАСТ НА ПЛАТИТЕ - еве зошто „Алкалоид“ најпосакуваниот работодавач

Веќе не е новина дека нашиот фармацевтски гигант „Алкалоид“ важи за компанија која е еден од најпосакуваните работодавачи во Македонија. Младиот, едуциран, стручен и надежен кадар кој решил да остане во државава, преферира да се вработи во „Алкалоид“, а тоа го покажуваат и бројни анкети направени на пазарот на трудот.  

Инаку, според јавно објавените податоци на оваа реномирана македонска компанија, „Алкалоид“ брои 2.155 вработени во државава, но и 688 лица вработени во подружниците и во претставништвата надвор од Македонија.

Задоволството на вработените во „Алкалоид“ новинарите имаа прилика да го согледаат и на лице место, на отворањето на новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории, што е всушност најновиот капитален проект на ова акционерско друштво, вреден 19,4 милиони евра.

Зошто „Алкалоид“ важи за еден од најпосакуваните работодавачи, Фактор побара и став од самата компанија, а еве каков е нивниот одговор. 

„Алкалоид“ е компанија која негува стимулирачка работна средина, во која работат и придонесуваат кон успесите вистински професионалци. Поради тоа на своите вработени секогаш се трудиме да им обезбедиме постојано подобрување на работното опкружување за да се чуствуваат ценето и вреднувано.

Во прилог ги споделуваме бенефициите кои им следуваат на нашите вработени:

- Обезбедено доброволно приватно здравствено осигурување со вклучени дополнителни превентивни здравствени прегледи и посебни поволни услови за членовите на семејствата на вработените

- Организиран превоз за дел од вработените на нај фрекфентната локација на нашата компанија

- Бенефиции за деца на вработените – субвенциониран износ за воншколски активности на децата

- Новогодишен линеарен надоместок за секој вработен

- Исплата на регрес за годишен одмор во износ над законски утврдениот минимум на ниво над последно објавената просечно исплатена плата во тромесечие   

- Награди за вработените за лојалност и награди согласно правилникот за наградување

- Дополнителни надоместоци согласно вклученост во успешно завршени интерни проекти

- Годишен пораст на плата за сите вработени согласно економски показатели и инфлација

- Годишен наменски буџет за едукации и стручни доусовршувања на вработените

- Редовни тим билдинзи на сите организациски единици

- Можности за кариерен развој на вертикално и хоризонтално ниво преку различни програми на ниво на компанија

- Тренинг центар со тренинг лабораторија, наменети за едукација на вработени, како и студенти и ученици од програмата за млади таленти на Алкалоид АД Скопје

- Обезбедени најсовремени мерки и континуирано инвестирање во заштитата и безбедноста на здравјето на вработените

- Обезбеден избор на храна за вработените во објектите каде имаме организирана исхрана, а за вработените што не користат организирана исхрана доделен соодветен паричен надоместок за хранарина

- Редовно мерење на задоволството на вработените и имплементација на побараните предлог мерки од истото-

- За членовите на синдикалната организација при Алкалоид АД Скопје овозможено плаќање на рати во десетици компании и повластени ценовни политики

- Подароци за секое новороденче на вработен од компанијата

- Новогодишни пакетчиња за децата на вработени

- Спортски активности – бесплатно користење на спортски сали во одредени термини

- Кафетерија во рамки на компанијата

- Обезбеден паркинг за велосипеди и мопеди

- Во услови на корона обезбедени тестирања од страна на компанијата и нај високо ниво на заштита во работните простории

Слично

Поврзани вести