Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАГОЛЕМО СЕ ГРАДАТ СТАНОВИ ВО ЗЕМЈАВА - само во октомври издадени одобренија „тешки“ 100 милиони евра за високоградбата

НАГОЛЕМО СЕ ГРАДАТ СТАНОВИ ВО ЗЕМЈАВА - само во октомври издадени одобренија „тешки“ 100 милиони евра за високоградбата

Ако нешто се гради во земјава, тоа се дефинитивно станови. Нивната цена само во третиот квартал од годинава се зголеми за 5,9 отсто, но и покрај високите цени, пиобарувачката за станови е огромна, а градежните компании наголемо се ангажирани во изградба на станбени загради. 

Ако се погледне најновото соопштение на Државниот завод за статистика, ќе се види дека само во октомври оваа година се издадени одобренија за градба на станови чија вредност изнесува 100 милиони евра. 

Односно, според Статистика, вкупната вередност на издадените одобренија за градба во октомври годинава изнесува дури 158 милиони евра. 

Од нив, пак, како што јавува Државната статистика, дури 63,1 отсто се однесуваат на високоградбата, односно на изградба на станбени загради за живеење. Тоа, пак, изнесува 99,7 милиони евра, или близу за 100 милиони евра се издадени одобренија за високоградба само за октомври оваа година.

Ако зборуваме за поединечни објекти, бројките на статистика говортат дека дури 321 одобрение за градба се издадени од високоградбата, што е многу повеќе од сите видови објекти.

Во извештајниот период, како што наведуваат од Државниот завод за статистика, е предвидена изградба на 2.311 станови, со вкупна корисна површина од 164.243 метри квадратни. 

Односно, според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2021 година се издадени 509 одобренија за градење, што е за 88,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.719 076 илјади денари (158 милиони евра - н.з), што е за 155,5 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 321 или 63,1 отсто се наменети за објекти од високоградба, 57 или 11,2 отсто за објекти од нискоградба и 131 или 25,7 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 509 објекти, на 299 или 58,7 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 210 или 41,3 отсто објект инвеститори се деловни субјекти.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести