Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нагло поскапе пченицата во Африка, на луѓето им се заканува глад

Нагло поскапе пченицата во Африка, на луѓето им се заканува глад

Нагло поскапе пченицата во Африка како последица на војната во Украина. 

Цената на пченицата во Африка се зголеми за 60 отсто. 

„Ќе бидат погодени и пченката и другите житни култури. Можна е криза со ѓубрива, бидејќи ќе има дефицит од околу 2 милиони метрички тони. А, тоа ќе влијае на производството на храна за околу 20 отсто“, изјави претседателот на Африканската банка за развој, Акинвуми Адесина. 

Војната создала глобални проблеми, особено за Африка, која увезува огромен процент од својата храна од Русија и Украина.

Претходно, имаше прогнози дека гладот во Африка ќе се зголеми поради војната во Украина. 

Сега ММФ излезе со прогноза дека ќе имаме ценовен шок каков немало 50 години. 

Слично

Поврзани вести