Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтените деривати со нови цени

Нафтените деривати со нови цени

Регулаторна комисија одлучи цените на бизнините да се зголемат, а на нафтата да се намалат.

Имено, според денешните одлуки на ова регулаторно тело бензините поскапуваат за половина денар, а дизелот се намалува за 1,5 денари.

Тоа значи дека од полноќ ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се точи по цена од 71,50 ден/литар а  ЕУРОСУПЕР БС-98 по 73,50 ден/лит. Ова значи дека нивните малопродажни цени се зголемуваат за 0,50 ден/литар.

За разлика од нив ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се точат по намалени цени и тоа ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 53,50 ден/лит, а  Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,00 ден/лит.

Се намалува и цената на мазутот и ќе изнесува 26,3 денари за килограм.

Новите цени ќе почнат да се применуваат од полноќ, и ќе траат две недели.

Слично

Поврзани вести