Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтениот гигант Ексон Мобил се жали за казната за руските бизниси

Нафтениот гигант Ексон Мобил се жали за казната за руските бизниси

Нафтениот гигант Ексон Мобил од САД ќе ја обжали одлуката на Трезорот во висина од 2 милиони долари изречена поради наводно кршење на поставените санкции од американската влада кон руската државна нафтена компанија Роснефт и нејзиниот генерален извршен директор Игор Сечин.

Според Ексон Мобил договорите кои нејзините руски подружници ги потпишале со Роснефт датираат пред САД да воведе санкции кон Русија во 2014-та поради вмешувањето и разгорувањето на конфликтот во Источна Украина. Во тоа време директор на Ексон Мобил беше Рекс Тилерсон кој сега му е главен соработник на американскиот претседател Доналд Трамп и служи како Државен секретар.

Ексон Мобил тврди дека Сечин тогаш бил ставен под персонални санкции од САД, а тоа не важело и врз Роснефт компанијата со која управува. Тилерсон во тоа време жестоко се противеше на анти-руските санкции, но штом влезе во политиката мораше да застане на линија на однапред утврдената американска надворешна политика каде санкциите против Русија нема да се укинат во скоро време.


Слично

Поврзани вести