Нафтени компании во Македонија остaнаа без лиценци за работа
Без дозвола за работа поради незаконско работење Регулаторната комисија за енергетика, останаа нафтените компании „Алма Комерц“ од Неготино, „Еми Петрол“ од Радовиш, „Еуро Петрол“ од Kочани и „Диме Петрол“ од Мешеишта.
Лиценцата за трговија со „евросупер БС 95“ на компанијата „Пуцко Петрол“ од Македонски Брод исто така ја одзеде комисијата. Оваа компанија сега може да точи само екстра-лесно масло за домаќинства.
Според регулаторот, компаниите остануваат без лиценците оти незаконски ја вршеле дејноста за која истите им биле издадени.
Лиценците на овие компании се одземени откако откако контролите на Државниот пазарен инспекторат пред шест месеци покажале дека овие увозници на горива во голем дел не ги исполнуваат утврдените минимални технички услови (краделе гориво со небаждарени апарати за точење и продавале деривати со големи количества на вода и сулфур).
Слично
