Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАФТЕНИ ДОГОВОРИ: Како ќе се одразат светските случувања врз цената на горивата во Македонија

НАФТЕНИ ДОГОВОРИ: Како ќе се одразат светските случувања врз цената на горивата во Македонија

Производителите на нафта во светот како Русија, Саудиска Арабија, Иран и Венецуела донесоа одлука за замрзнување на производството на нафта со цел да се стабилизира вртоглавиот пад на цената.

Консултациите за стабилизација на производството на нафтата ќе бидат завршени до 1. март, најави рускиот министер за енергетика Александар Новак.

Според Новак, земјите кои го поддржуваат „замрзнувањето“ на производството имаат удел од 75 отсто во вкупниот извоз на нафта, што е доволно да се постигне договор.

Во Македонија горивата се продаваат по регулирана цена која на секои две недели ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена е директно зависна од цената на бренд нафтата и курсот на доларот во однос на денарот. Според

Регулаторите, цената на нафтените деривати на нашиот пазар се формира на таканаречениот медитерански пазар, главно со неколку недели задоцнување во однос на светските трендови.Затоа во моментов е тешко да се предвиди кога и колку ќе пораснат цените на дериватите на македонскиот пазар.

Но, тоа сценарио е многу веројатно во случај ако со замрзнувањето на производство, се стабилизира цената на нафтата светскиот пазар.

Вредноста на суровата нафта во последните неколку години е намалена за две третини, а во јануари годинава падна на ниво од 28 долари за барел што претставува најниско ниво од 2003 година.

Сепак по малата стабилизација на црното злато од почетокот на месецов, минатата недела Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на цените на нафтените деривати и тоа кај бензините за половина денар, а дизелот за два денари.

Следниот понеделник Регулаторната комисија за енергетика треба да ги новите цени на горивата кои според движењата се очекуваат дека ќе бидат повисоки од пред две недели

Слично

Поврзани вести