НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ: По која цена ќе се точат горива од полноќ?
Регулаторна комисија денес ја објави одлуката за цената на нафтените деривати по која ќе се точат од полноќ па се во следните две недели.
Имено, регулаторното тело одлучи да не прави корекција на цените и тие да останат исти како и во изминатите две недели.
Тоа значи дека бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 63,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 65,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) за 50,00 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 ден/лит.
За 0,513 денари поскапува само мазутот М-1 НС, и килограм ќе чини 24,591 денари.
Нафтата на светските пазари во претходните 14 дена изнесуваше 49,763 долари за барел.
Слично
