Нафтена катаклизма, цените на горивата скоро 3 евра: Земја во регионот ги урна сите рекорди
Цените на нафтата и нафтените деривати вртоглаво пораснаа по руската инвазија на Украина, а некои земји во регионот уриваат црни рекорди.
Најдрастичен пример е Романија, каде што цените на горивата вртоглаво пораснаа за краток временски период.
Според локалниот печат, неколку бензински пумпи во Бихор пријавиле поскапување, кое во средата достигнало 9 леи за литар.
Но, вистинската нафтена катаклизма не завршила тука, бидејќи негативниот рекорд набрзо беше соборен откако цената на горивото на бензинската пумпа Мол во Бејуш достигнала 11,10 леи или речиси 3 евра за литар.
Според тамошните медиуми, сопственикот на бензинската пумпа го објаснил зголемувањето на високите откупни цени, а граѓаните набрзо почнале да чекаат во редици на другите бензински пумпи во градот.
