Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтен земјотрес по веста од Саудиска Арабија

Нафтен земјотрес по веста од Саудиска Арабија

Цените на нафтата нагло паднаа бидејќи Саудиска Арабија му соопшти на ОПЕК дека го зголемила производството во февруари на 10 милиони барели дневно.

Со тоа поништи третина од намалувањето на производството од претходниот месец.

Во претходните шест трговски дена цените на нафтата веќе изгубија 9,2 отсто од вредноста бидејќи во САД се зголемени залихите на нафта.

Американската лесна нафта во Њујорк поевтинила за 1,4 отсто на 47,7 долари за барел, додека цената на нафтата брент во Лондон паднала за 1,1 отсто по барел.

Саудиска Арабија во јануари го намали производството на нафта повеќе отколку што беше договорено во рамки на ОПЕК што допринесе за раст на цените на нафтата, но минатата недела следеше голем пад кога е објавено дека залихите на САД пораснале. Додека мнозинството земји го намалиле производството во САД, кои не учестуваат во договорот на ОПЕК, порасна црпењето на нафта од шкрилци.

Саудискиот министер за енергетика Халид ал Фалих минатата недела рече дека неговата земја нема бесконечно да ги „сноси трошоците“ додека други не го намалат производството. Русија, Ирак и ОАЕ допрва треба да го исполнат ветувањето во намалување на производството.

Саудиска Арабија сега произведува 10,11 милиони барели дневно, што е и понатаму помалку од 10,58 милиони колку што прифати по договорот со Организацијата на земјите произведувачи на нафта (ОПЕК) и уште 11 земји надвор од тој картел. 

Слично

Поврзани вести