Нафтен милијардер: Саудијците направија грешка за трилион долари!
Саудиска Арабија ќе жали за обидот да банкротира американски нафтени компании заливајќи го пазарот со сурова нафта, изјави пионер во производството на нафта на шкрилци Харолд Хам.
Во интервју за CNBC тој изјави дека Саудијците создадоа средина на "предаторски" цени.
„Саудијците го зголемија дневното производство на ОПЕК со 1,8 милиони барели и нивната цел практично беше да не потонат. Не успеаја сепак да го сторат тоа. Тоа беше огромна грешка од нивна страна. Грешка за трилион долари би додал,“ вели Хам, основач и извршен директор на Continental Resources Inc со седиште во Оклахома. Неговата компанија е пионер во производството на нафта од наоѓалиштето Бакен и клучен играч во т.н. револуција на шкрилци .
Цените на нафтата повторно беа ставени под притисок вчера откако нивното поскапување пред тоа изгуби на интензитет. Нафтата поевтини со околу 18% од почетокот на годината.
Минатата година Саудиска Арабија произведувала нафта со рекордно темпо откако ОПЕК се откажа од таванот на екстракција на нафта, како дел од предводените обиди на земјите производителите со повисоки трошоци на производството, вклучувајќи ги и производителите на шкрилци во САД, да банкротираат .
САД и други земји производители на нафта, кои не се дел од ОПЕК го ограничија производството, но со многу помало темпо отколку што се очекуваше покрај падот на цените на нафтата.
Нафтата поевтини со над 70% од достигнатите врвови во 2014 година и најмалку три големи банки во моментов предвидуваат цена од под 30 долари за барел и евентуално постигнување на 20 долари, пред формирањето на дно.
Падот на цените на нафтата го чинеле скапо Хам, кои изгубил над 11 милијарди долари од неговата состојба за една година, според списанието.Forbes. Во моментов тој има едвај 5,3 милијарди долари. Акциите на Continental Resources се тргуваат по цена од околу 20 долари, во споредба со врвот од над 80 долари во август 2014 година.
Аналитичарите предвидуваат дополнителни проблеми за нафтената индустрија во САД. Една третина од нафтените и гасните производители во САД може да стигнат до банкрот или реструктуирање до средината на 2017 година, според Wolfe Research, иако некои од нив би можеле да преживеат, ако цената на нафтата се зголеми барем до 50 долари за барел.
Според Хам заканата од банкроти е претерана.
За разлика од 80-те години повеќето енергетски компании имаат пристап до пари на подолг рок, што ќе им помогне да се справат со ниските цени, вели тој.
