Нафтата запиша прв неделен раст по еден месец
Нафтата поскапе во петокот и го забележа својот прв неделен раст по повеќе од еден месец.
Ова е во очекување дека земјите од ОПЕК може и да постигнат согласност за намалување на производството на крајот на месецов, соопшти Investing.com.
На крајот на минатата недела на берзата ICE во Лондон фјучерси на Брент со испорака во јануари поскапе за 37 центи (0,8%) и ја затворија сесијата на ниво 46,86 долари за барел. Ден порано цената се искачи на 47,62 долари за барел, што беше највисока вредност од 2 ноември.
Investing.com коментира дека ОПЕК се приближува до постигнување на првата трансакција од 2008 година за намалување на производството. Повеќето членки на ОПЕК се подготвени да направат исклучок за Иран и да дадат на земјата значителна флексибилност, што се однесува до обемот на производството.
На крајот на септември беше постигнат прелиминарен договор за намалување на производството во ОПЕК меѓу 32,5 и 33 милиони барели дневно.
