Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нафтата веќе под 30 долари

Нафтата веќе под 30 долари

Цената на нафтата достигна ново дно. Еден барел се нуди веќе на нивоа под 30 долари, што се случува за прв пат од декември 2003 година.

Само од почетокот на оваа година цените на нафтата се паднати за 19%, а од јуни 2014, кога барелот беше 108 долари, цената изгубила неверојатни 72%.

Неколку водечки светски банки прогнозираа веќе пад на цените до 25, дури 20 долари за барел.

Нафтата може да се намали за 10 до 25%, ако доларот поскапе за 5%, велат аналитичарите на „Morgan Stanley“ во студија од 11 јануари. Глобалната презаситеност може да ги намали цените под 60 долари за барел, но разликата меѓу 35 и 55 долари главно се должи на доларот, според извештајот.

„Со оглед на континуираното поскапување на доларот,сценарија  за цените од 20- 25 долари се можни само поради девизниот фактор“, пишуваат аналитичарите во извештајот. „Американскиот долар и нефундаментални фактори продолжуваат да ги движат цените на нафтата“.

Нафтата падна минатата недела поради нестабилноста на кинескиот пазар, откако земјата бараше начин да го стабилизира јуанот и берзата. Раст на американскиот долар со 3.2% – како што се претпоставува кај една можна девалвација на јуанот со 15%, може да ја потопи нафтата со 6 до 15 проценти, изјавиле од „Morgan Stanley“. Ако останатите валути исто реагираат, поевтинувањето може да е поголемо.

Слично

Поврзани вести