Нафтата вчера имаше загуба, а денес цените повторно растат
Цената на нафтата има благ раст.
Цената за барел на лондонската берза скокна за 0,55 отсто или на 40,70 долари.
Нафтата на американскиот пазар има раст за 0,5 отсто и чини 38,74 долари за барел.
Вчера цената на нафтата имаше намалување за 3 отсто.
Цените на нафтата на меѓународните пазари вчера беа под 36,64 евра (41 долар) за барел.
Падот на цените на нафтата доведе до намалување на побарувачката во САД и Европа поради пандемијата на коронавирусот и наглото зголемување на производството на овој извор на енергија во Либија.
Слично
